Варна, приморски главен град на Бугарија
Варна е најголемиот црноморски град во Бугарија и трет по големина во земјата. Се наоѓа во северноисточна Бугарија и е град-пристанише со 330.486 жители. Поради развиениот морски туризам, големиот број на хотели, како и дворецот
Евксиноград, којшто е седиште на владата и претседателот на Бугарија за време
на летните месеци, Варна се смета за „приморскиот главен град на Бугарија“.
Таа се распростира на околу 105 квадратни километри и е административен
центар на Варненската област и општина Варна.
Градот Варна е центар на повеќе културни проекти, меѓу кои се и фестивалот „Варнско лето“ и филмскиот фестивал „Љубовта е лудост‘‘, воедно таа е прогласена и за Европски главен град на студенти и млади за 2017 година, а истотака е и кандидат за Европски главен град на културата за 2019 година.

Во Варна се наоѓа и
археолошки музеј во кој се изложени најстарите откриени златни предмети во
светот. Тоj е и балнеолошки курорт и туристичко-рекреативен центар.
Како најголема туристичка понува овоој град во самиот центар ке ви претстави Гратската катедрала која е уникатна и препознатлива по својата градба, морската градина во која има бројни атрактивности како националната астрономска обсерваторија, планетариум, делфинариум, зоолошка градина, луна парк, аквариум, стрелиште, скејтборд парк, летни театри и бројни музеи. Во областа наречена Грчка мала која е во самиот центар на градот се наоѓаат и Римски бањи кои се посетени од голем број на туристи.

Главните приходи на општината доаѓаат токму од туризмот кој заедно со општина Несебар го завземаат првото место за најпосетени дестинации во Бугарија од страна на странските и домашните туристи.
За време на летниот период токму Варна е центарот на Бугарија, а за тоа се заслужни бројните луксузни хотели на познатите туристички дестинации кои се наоѓаат само на 10 километри како Златните песоци, св. Константин и Елена и др. бројните манифестации, фестивали и забавни програми, но и ноќните забави кои се дефинитивно на прво место за младите. Од странските туристи најбројни се туристите од Русија со околу 1 милион годишно, потоа доаѓаат туристите од Германија, Италија, Франција, Романија и др.

Освен тоа што овој град претставува важна туристичка дестинација, тој е и важен универзитетски центар и е седиште на
многу универзитети: најголем и најстар универзитет е Економскиот универзитет кој токму оваа година слави 95 години од основањето на универзитетот и 100 години од изградбата на универзитетската зграда, по него доаѓаат Медицинскиот универзитет, Техническиот универзитет, Военоморската академија ‘‘Никола Вапцаров‘‘ и приватниот Слободен универзитет.